| четврток, 6 декември 2018 |

Бидете и вие Феликс Баум Гартнер за 75 илјади долари

Летот со капсула на висина од 30 километри од Земјината површина која ја носат балони, не е повеќе привилегија само за Феликс Баумгартнер, компанијата „Ворлд Вју Ентерпрајз“ тоа задоволство ќе му го овозможи на секој кој ќе плати 75 илјади долари.

Kapsula1

Компанијата „Ворлд Вју Ентерпрајз“ вчера објави дека ќе организира патување со капсула која ќе биде крената на висина од 30 километри над Земјината површина со помош на балон.

Претставничката на компанијата Џејн Поинтер изјави дека неколу часа набљудување на нашата планета ќе ги чини 75 илјади долари.

Kapsula2

Истата оваа компанија во февруари предложи во 2018 со приватен аранжман, млад брачен пар да го пратат на Марс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top