Во Првата македонска фудбалска лига, попладнево беа одиграни пет натпревари од 11.коло.
Во Штип, екипите на Брегалница и Металург одиграа без голови 0:0, а со освоениот бод тимот од Автокоманда сега е сам на првото место на табелата.
Без голови заврши и натпреварот во скопската општина Ѓорче Петров, каде Македонија бише домаќин на Пелистер.
На вториот натпревар одигран во Скопје Еуромилк со 2:0 го победи Напредок. Убедлива победа од 5:1 славеше екипата на Хоризонт Турново во дуелот со Гостивар.
Единствената, пак победа за гостите во ова коло ја оствари Шкендија, која во градското тетовско дерби ја совлада Ренова со 3:1.
Вчера, Вардар и Работнички одиграа без победник 1:1.
Табела:
Металург 19 бодови
Вардар 18 бодови
Хоризонт Турново 17 бодови
Работнички 17 бодови
Пелистер 17 бодови
Брегалница 16 бодови
Ренова 15 бодови
Шкендија 14 бодови
Еуромилк 13 бодови
Македонија Ѓ.П. 10 бодови
Напредок 9 бодови
Гостивар 7 бодови
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.