| четврток, 6 декември 2018 |

Газпром: Македонија плаќа најскап гас во Европа

Gazprom

Московскиот весник „Известија“ објави дека руската енергетска компанија „Газпром“ во текот на минатата година својот природен гас најскапо го продавала во Македонија, Полска, Босна и Херцеговина, Чешка и Бугарија, пренесе Дневник.

Според весникот, цените по кои рускиот гас се продавал во Македонија и Полска биле на највисоко ниво од 2009 година.

Додека просечната цена на гасот за европските земји изнесуваше 413,1 долари за 1.000 метри кубни, во првите шест месеци од минатата година Македонија истото количество гас го плаќала по 564,3 долари, Полска по 525,5 долари, БиХ по 515,2, Чешка по 503,1, а Бугарија по 501 долари, наведува московскиот весник.

Аналитичарот на ИФД „Капитал“, Виталиј Крјуков во изјава за весникот вели дека „Газпром“ најскапо го продава својот гас во оние земји кои немаат алтернативни извори за достава на енергенсот.

Македонија и БиХ целосно зависат од „Газпром“ во испораката на гас, Бугарија дури 90 проценти од своите потреби ги задоволува од рускиот гигант, а Полска над 60 отсто, наведува „Известија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top