| четврток, 6 декември 2018 |

Досие Машинопромет

машинопромет“Машинопромет” е компанија за трговија со делови и прибор за моторни возила. Формирана во времето на поранешна Југославија, работата на компанијата “Машинопромет” во изминатите 11 години, беше проследена со низа контроверзии.

Тензиите почнаа во 2002 година, откако вработените во акционерското друштво го обвинија тогашниот директор на “Машинопромет” Павле Пајмаковски за криминално работење и перење на милиони евра на грбот на фирмата, што, според нив, го правел заедно со членови од неговото семејство. Според тогашните изјави на вработените и акционери во фирмата, директорот незаконски управувал со акционерското друштво и со измами и проневери направил милионски штети, објавува Фактор.

Акционерите преку надзорниот одбор го разрешија Пајмаковски и почнаа  попис на документацијата за да се утврдат колкави се долговите на фирмата, што за една година успеало да ги направи семејството Пајмаковски, откако дошло на раководни функции во фирмата. Но веднаш потоа директорот со придружба од агенција за обезбедување насилно влезе во компанијата, а вработените насилно беа избркани за Пајмаковски да го превземе управувањето на фирмата.

Во перидот што следеше постојано се вадеа нови документи за тоа што се случувало во “Машинопромет”, а вработените ја повикуваа тогашната Влада на СДСМ да го расчисти случајот. Долг период случајот беше заглавен во судските лавиринти. Акционерите случајот го изнесоа и пред Судот за човекови права во Стразбур, од каде добија позитивен одговор.

-Решени сме да истраеме до крај, и со документи да покажеме дека екс-претседателот на управниот одбор Павле Пајмаковски и неговата мајка Марија, како членови на Управниот одбор на “Машинопромет” и претседателот на Надзорниот одбор Горан Пајмаковски, брат на Павле, од 18 септември 2001 година само изнесувале од фирмата.

Фирмата неколку пати беше во предстечајна постапка. Акците на компанијата на берза ги купува компанијата “Сиком” на Ненад Шиповиќ, брат на актуелниот претседател на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ кој бил претседател на УО на “Машинопромет”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top