Инспекторите ќе полагаат испит на секои 6 години за да ја задржат работата.
Оние инспектори кои нема да можат да го положат испитот и ќе паднат 3 пати ќе бидат прераспределени во нивната институција.
Новите правила нема да важат за инспекторите кои се на 5 години до пензионирање .
Овој закон е реформски и гарантира задржување на работните места- смета првиот синдикалец во земјава Живко Митревски.
Со ваквото лиценцирање на инспекторите не им се прави никаков политички реваншизам, напротив со добиените лиценци само ќе се зајакне конкуренцијата помеѓу нив вели министерот Ивановски.
Успешните инспектори ќе добијат и награда а за неуспешните следува укор.
Ефикасноста на инспекторите ќе ја оценува совет, кој ќе ги тестира сите инспектори поединечно.
Според ресорното министерство во моментов недостасуваат инспектори во земјава , а најголема потреба од кадар има во Пазарниот инспекторат и Управата за јавни приходи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.