
фото: Дневник
Шеснаесет годишното момче Емир Екрем Мустафа од скопско Долно Свиларе, кое родителите го пријавиле за исчезнато, вчера доцна попладне пронајдено е живо и здраво во Дебар, пренесува МИА.
– Момчето беше донесено во нашата установа околу 20:30 часот од страна на полицијата. На телото немаше некои поголеми повреди освен гребнатини на десниот рачен зглоб и на десната страна на грбот. Направени му беа сите потребни медицински испитувања и тоа е во добра состојба, изјави ортопедот Исмаилаки Клења, дежурен лекар во Општата болница во Дебар.
Од полицијата го потврдија пронаоѓањето на детето.
– Момчето, кое во средата е пријавено за исчезнато е пронајдено во Дебар во добра состојба и по извршената неопходна процедура, синоќа е предадено на родителите, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Момчето во петокот околу 17:30 часот покрај брегот на Дебарското Езеро, кај градската плажа, го сретнал рекреативен риболовец по што ја известил полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


