Влатко Ѓорчев остварува. Неговата сопруга Сузана е во третиот месец од бременоста. Прв веста ја објави дневниот весник Вест. Република го контактираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ. Вели тој и сопругата се пресреќни.
-Бебето треба да се роди некаде во јули. Не ни е важен полот. Само нека е здраво и живо, а Марта и Филип да добија братче или сестричка. Да се биде родител е најубавото чувство – изјави Ѓорчев за „Република“’.
-Филип се уште ништо не разбира. Тој е преокупиран со проодувањето. Сам станува, се потпира на предмети и се обидува да оди – додава Ѓорчев.
Веќе испланирал дека третото дете ќе го крсти во Штип. Марта која за две недели полни четири години е крстена во Свети Ѓорги во Чаир. Деветмесечниот Филип пак, е крстен цо Свети Јован Бигорски.
Сузана Ѓорчева е Американка. Таа и Влатко се земаа во мај 2009 година.
Инаку, според македонските закони родителски додаток за трето дете се исплатува месечно, за период од 10 години, во висина од 8 048 денари, а истиот се усогласува со порастото на трошоците за живот за претходната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.