| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија има само 12 хотели со 5 ѕвезди

Од вкупно 197 хотели во Македонија, само 12 имаат 5 ѕвездички

Во Гевгелија има 3 хотели, „Рамада Плаза“, „Фламинго“ и „Аполонија“. Во Скопје се наоѓаат пет хотели и тоа: „Александар Палас“, „Холидеј Ин“, „Стоунбриџ“, „ТТЦ Плаза“ „Арка“. По еден хотел со пет звездички има во  Охрид, Леуново, Дојран и Берово.

Иако, Охрид е туристички центар сепак единствен хотел со 5 ѕвездички е „Горица“. Хотелите долж охридкста ривиера најчесто се регистрирани во категоријата хотели со четири ѕвездички, а во земјава ги има вкупно 31 такви хотели.

До крајот на минатата година најмногу хотели во државава се регистрирани со две ѕвездички и тоа вкупно 67.

Според податоците на Министерството за економија, во регистерот на угостителските објекти кои вршат угостителска  дејност во кабаре, ноќен бар и дискотека, состојбата е следна: кабаре – 39, ноќен куб – 2, дискотека – 4 и дискотека на отворен простор – 5 или севкупно 50.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top