Во Гевгелија има 3 хотели, „Рамада Плаза“, „Фламинго“ и „Аполонија“. Во Скопје се наоѓаат пет хотели и тоа: „Александар Палас“, „Холидеј Ин“, „Стоунбриџ“, „ТТЦ Плаза“ „Арка“. По еден хотел со пет звездички има во Охрид, Леуново, Дојран и Берово.
Иако, Охрид е туристички центар сепак единствен хотел со 5 ѕвездички е „Горица“. Хотелите долж охридкста ривиера најчесто се регистрирани во категоријата хотели со четири ѕвездички, а во земјава ги има вкупно 31 такви хотели.
До крајот на минатата година најмногу хотели во државава се регистрирани со две ѕвездички и тоа вкупно 67.
Според податоците на Министерството за економија, во регистерот на угостителските објекти кои вршат угостителска дејност во кабаре, ноќен бар и дискотека, состојбата е следна: кабаре – 39, ноќен куб – 2, дискотека – 4 и дискотека на отворен простор – 5 или севкупно 50.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.