
Вардарци денеска напомош имаа и осми играч – Комитите, односно целата публика во „Борис Трајковски“. Скандирања, навивања, пеење… Пеколната атмосфера ги збуни искусните играчи на Барселона. Иако сегашниот тренер, Зоран Кастратовиќ, одлично го предводеше составот на денешниот меч и покажа одличен старт на овогодишениот настап во Лигата на шампоините, Комитите се уште не преболеле што Веселин Вујовиќ не е повеќе тренер на Вардарци. Го скандираа неговото име, а извадија и транспарент со негова фотографија – Никој како тебе!

Фото Александар Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


