| четврток, 6 декември 2018 |

Незаборавните гафови на познатите Македонци (ВТОР ДЕЛ)

Првата тура на незаборавни лапсуси беше само загревање за ова денес. Пратеници, градоначалници, новинари, водители, манекенки, пејачки…Што познатите кажаа, а потоа посакаа да не го кажале.

Лото Марјана

Патот на еволуцијата

– Преговараме за трета лента на автопатот Скопје – Прилеп – Битола – Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Вистинско решение за името

– За мене е сеедно дали Македонија ќе биде Северна Република Македонија, пошто до вчера беше Социјалистичка Република Македонија значи пак ќе сме исто СРМ, што менува тоа? – Александар Петрески, градоначалник на Охрид

Јанко изеде бурек

– Денеска на програмата имаме еден африкански дуел (Камерун – С.Арабија) – Јанко

„Теби би дао и средину палачинке…“

– Бранко Црвенковски е вистински маж за мене. Дајте му го мојот број и ќе му покажам како пејам во живо. Него би го легнала и око нема да ми трепне. Бранко има сексапил во себе – пејачката Ирена Блажевска.

Па, каже…

– Државата ни е на раб од провалија, ако се вратиме ние на власт ќе направиме чекор напред – Бранко Црвенковски.

Фригидниот канибал

– Кога бевме пред Хрватска, а еве ја 2014 година ќе стане членка на ЕУ, и навистина се осеќаме фригидно во одредени моменти кога знаете каде бевме, а каде сме сега. Од лидер во регионот, одличен пример за многу работи денеска сме последни во целиот регион – Зоран Заев, градоначалник на Струмица и претседател на СДСМ.

Б О Н У С: Дупла доза Латас

  • Во партиите се ебат повеќе отколку во било која гимназија
  • Весна Бендевска, има неодоливи усни за кои не знам дали се вистински или силиконски…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top