| четврток, 6 декември 2018 |

Сите гафови на принцот Филип: Премногу си дебел за да станеш астронаут

Принцот Филип кој се повлече од државничките и кралски функции во Велика Британија е познат како еден од најдобрите политички некоректни членови на британското кралско семејство. Обично, неговите коментари се полу-расистички или навредливи – какви што би очекувале од политичар кој живеел во Викторијанската ера. Затоа може да се каже дека Принцот Филип едноставно ја почитува традицијата.

Еве и неколку од неговите несоодветни јавни гафови:

1. Во 2012 година, во разговор со 60-годишен маж во инвалидска количка: “Колку луѓе „згазивте“ утрово со тоа нешто?”

2. Во разговор со Том Џонс по неговиот настап во кралското вариете во 1969 година: “Со што си правиш гаргара, со речни камења?”

3. Во текот на дијалог со студент од Салфордскиот универзитет за вселенскиот апарат „Нова“ 2001 година: “Ти никогаш нема да леташ со тоа нешто. Премногу си дебел за да станеш астронаут.”

4. Во 2003 година, на средба со нигерискиот претседател, кој бил облечен во традиционална облека, принцот Филип прокоментирал: „Изгледаш како да си подготвен да си легнеш.”

5. Во 1967 година, на прашањето дали би сакал да го посети Советскиот Сојуз, војводата од Единбург одговорил: “Многу би сакал, иако копилињата убија половина од моето семејство.”

6. За Канада, во 1976 година: “Не доаѓаме тука за да се лекуваме. Можеме да најдеме многу други начини да се забавуваме.”

7. Забава за време на говорот на настан на „Ворлд вајлдлајф фонд“ во 1986 година: “Ако има 4 нозе, но не е стол, ако има две крила и лета, но не е авион и ако плива, но не е подморница кантонците ќе го изедат.”

8. На состанокот со британска студентка на размена во Пекинг во 1986 година: “Ако останеш тука уште малку, ќе ти се искриват очите.”

9. На состанокот со лидерот на австралиските Абориџини, Вилијам Брин, во 2002 година: “Уште ли се стрелате со копја?”

10. Кон шкотскиот инструктор за возење во 1995 година: “Како успевате да ги држите локалните далеку од пијачка доволно долго за да го земат испитот?”

11. Откако добил подарок од Кенијка во 1984 година: “Ти си жена, нели?”

12. Во 2000 година, во обраќањето пред група глуви деца, стои во близина на оркестар за тапани: “Глуви ли сте? Како што стоите толку блиску, не би бил изненаден дека сте глуви?”

13. При разгледување на „примитивна” етиопска уметност во 1965 година: “Личи на нешто што мојата ќерка би го донела дома после лекција во уметничкото училиште.”

14. Опис на електрична табла за време на турнеја во шкотска фабрика во 1999 година: “Изгледа како да е составена од Индијанци.”

15. Кога Барак Обама му рекол дека се сретнал со британскиот, рускиот и кинескиот министер, принцот Филип истрелал: “Можеше ли да ги разликуваш?”

16. За афинитетот на принцезата Ана кон коњите: “Ако не испушта гасови и не јаде сено, таа нема да пројави интерес.”

17. Средба со британски турист во Унгарија во 1993 година: “Не е возможно да си тука толку долго – каде ти е пивскиот стомак?”

18. Разговор со претставник на Кајманските Острови во 1994 година: “Зарем не се повеќето од вас потомци на пиратите?”

19. На средбата со Diversity, танцова група од претставници на различни раси, која победи на “Британија бара таленти” во 2009 година: “Сите ли сте од едно семејство?”

20. Разговор со група пратенички од Лабуристичката партија во 2000 година: “А, значи тоа е аголот на феминистките.

21. Разговор со британски турист во Папуа Нова Гвинеја, 1998 година: “Значи си успеал да се заштитиш да не те изедат?”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top