Перо Антиќ, капитенот на македонска репрезентација уште еднаш потврди дека се повлекува од националниот дрес .
По изјавата во ексклузивното интервју дадено за Република, тој во изјава за интернет страницата за ФИБА изјави:
„За мене настапот на Евробаскетот во Словенија беше последен во репрезентативната кариера. Сакам оваа генерација на Македонија да биде запаметена по единството кое владееше во тимот“.
Според Антиќ, Македонија не одигра согласно со очекувањето на ЕП. Антиќ го издвои и неправедниот пораз од Црна Гора како пресрвтен момент, бидејќи тоа многу влијаело на нив од психолошки аспект.
Но како и да е, оваа генерација на кошаркари постигна многу во Литванија, а тоа не е мала работа и треба да биде поттик за следните генерации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.