| четврток, 6 декември 2018 |

Утре е време за Марфи, Србија со пораз од Црна Гора ќе има 4 бода, а победа може да и одземе два

Правилата се чудни во спортот понекогаш личи дека се дури и неправедни, но барем имате чиста ситуација пред почетокот на секое натпреварување. Утре е ден за Марфи, а чудните околности во Б групата во Јесенице, велат дека може да се случи и чудна ситуација, пораз да вреди повеќе од победа.

Во таква ситуација Србија, утре од 21 часот, ќе посакува пораз, а услов е претходно Македонија да ја победи Летонија со 10 или повеќе поени разлика, а Литванија со било кој резултат да ја совлада Босна и Херцеговина. Тогаш на нашите северни соседи повеќе ќе им одговара пораз од Црна Гора, селекција што и онака би била елиминирана.

Но, Србите со себе би ја повлекле Летонија во втората фаза, а би ја елиминирале Македонија. И тука лесно се разрешува трилемата, зошто на Србите им одговара пораз од Црногорците. Против Летонија имаат победа, исто и против Литванија, па во таков случај би пренеле во вториот круг максимални 4 бода. Ако ја победат Црна Гора, може да се случи Македонија да оди со нив и со Литванија понатаму, а во таков случај Србите би останале покуси за два бода, колку што во втората фаза би пренеле сите три селекции, Србија, Македонија и Литванија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top