Пиволенд 2013 го откри своето изненадување кое беше највено пред неколку дена. Покрај најавените 3 стејџа (главен, денс и кавер бенд) посетителите ќе имаат можност за уште едно музичко освежување – 4ти стејџ за кој ќе се погрижат момците од радио МОФ. На оваа сцена предност ќе им биде дадена на младите, алтернативни музичари и ДЈи од Македонија и ќе биде одлично надоплонувнање на веќе најавената музичка програма. Во музичките правци кои ќе бидат застапени преовладува вистинско шаренило.
Музичкиот спектар се движи од дапстеп, драменбејс, прогресив и дач хаус, хип хоп, инди рок, реге па дури и до традиционална ирска музика.Стејџотна МОФ Радио ќе биде во близина на игротеката за возрасни, на локација одлична и за оние кои сакаат да се опуштат, но и за оние кои сакаат да уживаат во добриот алтернативен звук.
Не возете под дејство на алкохол, конзумирајте одговорно и се гледаме на Пиволенд!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Искачување на Кале со лифт: Два тунелa ќе бидат пробиени под Скопската тврдина
-
Врие од полиција пред Кале – нема простор за паника, се работи за полициска вежба
-
Со „Ван Гог“, САФ и САРС, годинава јубилејно десетто издание на „Пиволенд“
-
Војна на Кале: Дилери претепале полицајци, со вили и токмак мавале кај ќе стигнат