„Балканот историски му припаѓа на исламскиот калифат. Ние ќе се вратиме!“
Само пред една година овие зборови ги извика еден од најцврстите соработници на Морси, лидерот на египетското Муслиманско братство и сегашен претседател на Египет, во едно време кога никој не веруваше дека револуцијата против Хосни Мубарак ќе создаде уште една исламска република на африканскиот континент.
Сон на уште еден исламски екстремист? Приказна за мали деца? Реченица како произлезена од теоријата за исламската зелена трансферзала на српската разузнавачка пропаганда.
Дали и случајот со Октиси, кога тамошниот оџа преку разглас ги повика муслиманите на борба против христијаните и нивната црква, е само уште политички мајмунлак за дефокусирање на јавноста?
Или, дали можеме да ја третираме оваа проблематика баш така – како некаква интересна приказна?
Зелена трансферзала – што е тоа?
Овој термин сѐ почесто се употребува и кај западните аналитичари, а е српска кованица. Оттука теоријата за создавање исламски калифат на Балканот, поточно неговата иницијална граница – наречена Зелена трансферзала или Зелен коридор. Приказната за оваа теорија почнува пред повеќе од 20 години, поточно за време на Зимските олимписки игри во Сараево во 1984 година. Тогаш многумина се запрашаа (меѓу кои и странски новинари) зошто босанските организатори го нарекоа целиот олимписки комплекс со невообичаено име „Зетра“. Одговорот го дадоа сараевски муфтии, противници на исламските екстремисти, кои се спротивставуваа на ова име бидејќи било кратенка од Зелена трансферзала и објаснуваа дека се работи за граница на „идниот исламски калифат од Турција до крајниот северозапад на Босна“. Организаторите дадоа едно чудно објаснување, дека името е кратенка од зелениот појас околу спортската сала, но подоцна тивко го сменија во „Хуан Антониот Самаранч“, поранешниот претседател на Интернационалниот олимписки комитет.
За делувањето на вахабистичкото движење во Македонија, за тоа кој се знае и пушува на „Запад“ за оваа појава, како и за причините за градењето на Зелената трансверзала, прочитајте во актуелниот број на неделникот Република, кој веќе е во продажба, ширум државава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.