Во Јесенице засега доминираат македонски навивачи, пред стартот на натпреварите од Б групата на европското првенство во Словенија, што почнува денеска, а интересна беше реакцијата на луѓето што работата на граничните премини и на луѓето што се затекнаат таму во моментите кога минуваа македонски навивачи. Речиси сите без исклучок беа зачудени од големата бројка на народ со македонски знамиња, а реакциите беа позитивни кога им беше објаснето дека дестинацијата е Јесенице, каде игра Македонија на Евробаскет 2013.
Денеска за нас е првиот тест против Црна Гора од 17,45 часот, а натпреварите од Б групата ќе се играат до 9 септември, кога ќе биде познати кои три селекции ќе се пласираат во втората фаза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.