| четврток, 6 декември 2018 |

Срам за Кшиштоф Лавринович, литванскиот кошаркар со нацистички симбол на торбата

Литванците имаат многу главоболки пред стартот на европското првенство во Словенија, а скандалот со нацистичкито симбол што на торбицата го нацрта кошаркарот Кшиштоф Лавринович предизвика вистинска бура од негодувања. Претходно на кошаркарската експедиција за Јесенице и се расипа мотор на авионот, па го одложија патувањето за еден ден, а сега нов проблем е кукастиот крст на еден од браќата Лавринович. Тој се извини, велејќи дека немал намера никого да повреди или навреди, но Литванците се бесни на глупавиот гест на еден искусен кошаркар каков што е Кшиштоф.

„Можеби глупоста нема граници, а што е најлошо Кшиштоф веројатно не разбира каква глупост направил. И ние од федерацијата не разбираме што сакаше да постигне“, изјави легендарниот Арвидас Сабонис, кој е претседател на кошаркарската федерација на Литванија. „Зелената шума“ ги почнува натпреварите од Б групата утре од 21 часот против Србија, а во таа група е и Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top