Алеш Пипан вели дека македонската кошаркарска репрезентација е подготвена за настап на Европското првенство во Словенија, а одлуката кои кошаркари ќе патуваат ќе ја донесе задутре на последниот тренинг во Скопје. Некој треба и да отпадне од поширокиот список на словенечкиот стратег кој ќе не предводи на Европското првенство.
– Во Јесенице нема фаворити бидејќи сите селекции се многу блиску со квалитетот. Впрочем така е и во останатите групи, што го прави шампионатот мошне израмнет и неизвесен. Ние сме подготвени за предизвикот, а не би предвидувал резултат, иако ќе биде успех и пласманот во втората фаза – изјави Пипан.
Македонија ја почнува новата кошаркарска авантура на 5 септември против Црна Гора, а го браниме четвртото место од претходниот шампионат во Литванија пред две години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




