Економот на Милвол задоцни на натпреварот во Шефилд, па тимот од лондонската населба Пекам играше со две гарнитури дресови. Гостите почнаа против Шефилд Венздеј со резервните дресови на домаќинот, кој ја позајми опремата за да може да се одигра натпреварот.
Кога сепак економот на Милвол стаса, играчите се пресоблекоа и играа во своите препознатливи портокалови дресови за настап на гостински терен. Натпреварот заврши со резултат 2-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение