Денеска на Комисијата за 24 декември им се приклучиле заменик-претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска, и шефот на кабинет на премиерот Мартин Протогер, по што дошло до подолга пауза. Извори од ВМРО-ДПМНЕ велат дека оваа партија цврсто е подготвена да стори сѐ за да се дојде до решение, а доказ за тоа се и стотината забелешки и предлози што ги дал СДСМ да бидат дел од извештајот, а биле прифатени од владејачката партија.
– ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силната волја да се приближат ставовите и да се елиминираат обидите да се иницира атмосфера на меѓусебни обвинувања кои се штетни за целиот процес – велат од партијата.
Роковите за наоѓање решение се сѐ пократки, а евентуалната разврска во која Комисијата нема да дојде до компромис може да ги активира предупредувањата од премиерот дека сите опции се во игра за да се расчисти политичката криза која настана со настаните поврзани со 24 декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.