| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се најголемите трговци со струја во Македонија?!

dalnovodi

Енерџи Деливери Солушнс (ЕДС), Ген-М и Ефт Македонија се трите трговци со струја кои во првите пет месеци од годинава најмногу продадоа во Македонија, пишува Фактор.

Податоците од МЕПСО (државниот електро-преносен систем оператор) покажуваат дека од вкупниот колач на продадена струја во земјава во периодот јануари-мај годинава, на трговецот Ген-М му припаѓаат речиси 40%, на Енерџи Деливери Солушнс – 33%, а на Ефт Македонија 12,3%. Останатиот дел од бизнисот го поделија уште 9 други трговци со електрична енергија (Корлеа, Елем Трејд, Евн Трејдинг, Данске Комодити, Роу енд Рифајнд, Енерџи сервиси, Пан Интертрејд, АД Елем и Енерџи Суплај)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top