| четврток, 6 декември 2018 |

Со булдожери се разбиваат демонстрантите во Каиро

kairo nerediЕгипетските безбедносни сили почнаа со присилно отстранување на демонстрантите во Каиро блиски на соборениот претседател Мохамед Морси.

Во акцијата за разбивање на толпата биле користени и булдожери, а според неофицијални информации, загинале 15 луѓе.

Во извештаите на дописникот на „Би-Би-Си“ од Каиро се вели дека во судирот на полицијата со демонстрантите се слушнале истрели, а над градот летале хеликоптери.

Морси беше соборен од власт на 3 јули во акција на воениот врв на египетската војска. Демонстрантите сметаат дека тој е нелегално симнат од власт и бараат повторно да се врати на претседателската позиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top