Социјалдемократскиот кандидат за иден германски канцелар Мартин Шулц ги наречи терористи демонстрантите на антиглобалистичките протести во Хамбург за време на состанокот на групата 20 најбогати земји на светот.
Според противкандидатот на канцеларката Ангела Меркел на изборите закажани за 24 септември, демонстрантите кои биле организирани како „банди“ се однесувале како терористи, затоа што палеле возила и фрлале со молотови коктели.
– Тие немаат политички легитимитет за нивните акции кои целиот град го претворига во заложник, изјави денеска Шулц во Инголштад.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, германските социјалдемократи во анкетите заостануваат меѓу 12 и 16 итсто зад сестринската коалиција на Меркел составена од нејзината Христијанско демократска унија (ЦДУ) и баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.