Египетските безбедносни сили почнаа со присилно отстранување на демонстрантите во Каиро блиски на соборениот претседател Мохамед Морси.
Во акцијата за разбивање на толпата биле користени и булдожери, а според неофицијални информации, загинале 15 луѓе.
Во извештаите на дописникот на „Би-Би-Си“ од Каиро се вели дека во судирот на полицијата со демонстрантите се слушнале истрели, а над градот летале хеликоптери.
Морси беше соборен од власт на 3 јули во акција на воениот врв на египетската војска. Демонстрантите сметаат дека тој е нелегално симнат од власт и бараат повторно да се врати на претседателската позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


