Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите на руското радио „Глас на Русија“ според чии информации во Македонија постоеле кампови за обука на исламски терористи.
– Ја следиме безбедносната состојба во Македонија, но и во регионот во континуитет. Во моментот нема никаков посериозен ризик за безбедноста на граѓаните. Подготвени сме веднаш да реагираме и да неутрализираме каква било опасност и закана за безбедносната состојба и за граѓаните – изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.
Руското радио, повикувајќи се на разузнавачки информации, објави дека во западниот дел на Македонија имало кампови во кои се обучувале исламски терористи за самоубиствени напади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


