| четврток, 6 декември 2018 |

Турново со убедлива победа над Шкендија, Пелистер победи минимално, а скопското дерби без победник

Првото коло од македонскиот фудбалски шампионат мина во знакот на извонредната победа на Турново кои што имаа убедлива победа на гостувањето против Шкендија со 0-3. Турново продолжува со добрите игри и резултати како продолжение од натпреварите во европските купови

turnovo-sudova10

 Балдовалиев беше најзаслужен за оваа победа, бидејќи токму овој проверен голгетер го отвори резултатот во 71. минута. Во самиот финиш Блажевски од пенал зголеми на 0-2 и ги разреши дилемите околу победникот, пред Балдовалиев со својот втор гол да ги постави конечните 0-3.
Пелистер е единствениот домашен тим што попладнево стигна до победа, откако битолчани славеа над Еуромилк со минимални 1-0. Мечот беше решен кон средината на второто полувреме, кога Драгарски го најде патот до мрежата на гостите и донесе голем радост меѓу битолските фудбалски фанови.
Скопското дерби меѓу Металург и Работнички заврши без погодоци, додека Аксентиев и донесе на Брегалница победа на гостувањето против новиот прволигаш Гостивар. Во последниот попладневен меч Напредок и Ренова ремизираа 1-1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top