
Ахмет Нур Чеби, обелодени дека веќе е испратена официјална понуда за ангажман на бразилскиот генијалец. Овие гласини се интензивираа откако новиот тренер на Бешикташ, Славен Билиќ, се појави во турските медиуми со низа пофални зборови за Роналдињо, по што челниците на клубот се обидоа да го доведат Бразилецот.
„Испративме понуда за Роналдињо и сега сме во исчекување на одговорот. Нормално дека сме возбудени бидејќи станува збор за фудбалер што пред извесно време важеше за најдобар во светот“ – изјави претседателот на Бешикташ.
Роналдињо има само уште шест месеци од актуелниот договор со Атлетико Минеиро, што значи дека дури и доколку бразилскиот клуб одбие да го продаде, Бешикташ би можел да потпише преддоговор со него и потоа да го доведе како слободен играч во јануари 2014 година. Сепак, останува да се види дали Бразилецот ќе се согласи на враќање во Европа откако одлично се снајде во својот последен клуб, со кого успеа да триумфира и во Копа Либертадорес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


