УЕФА ќе го казни турскиот клуб Бешикташ поради лошата организација на натпреварот со Баерн Минхен од Лигата на шампионите.
Првенствено казната се однесува на фрлање на предмети за време на натпреварот од страна на публиката на стадионот во Истанбул. Меѓутоа со казната ќе биде опфатено и појавувањето на терен на еден ненајавен гостин, имено станува збор за мачка.
Судијата, поради мачката, беше принуден да го прекине натпреварот, додека „опасната“ ѕверка не биде отстранета од теренот.
Иако често турските клубови плаќаат казни за однесувањето на нивните навивачи, ова е веројатно прв ваков случај.
Фудбалерите на Бешикташ беа елиминирани од Баерн Минхен во осминафиналето на Лигата на шампионите со вкупен резултат од 8:1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сораја во шок: Некој и ја уби мачката од 22.000 куни (видео)
-
Што значи кога мачката се гали околу вашите нозе?
-
Мачката Мусја „посвоила“ осум ежиња – Кога ја виделе не сакале да се одвојат од неа (видео)
-
Руската зима не ја совлада: Оваа мачка останала замрзната во земја на минус 35, погледнете како се спаси (видео)