Едно од најголемите засилувања за Вардар треба да биде враќањето на поранешниот капитен, напаѓачот Филип Ивановски. Тој веќе имал разговори со раководството на Вардар, а се очекува да пристапи во наредните неколку денови, откако и дефинитивно ќе „раскине“ со казахстанскиот тим Астана, каде замина токму од „црвено-црните“ редови.
Тој беше најдобар стрелец во Македонија во сезоната 2011/12, по што направи трансфер во Казахстан. Сега треба да се врати во нашиот најтрофеен клуб, и тоа како замена за Јован Костовски, актуелниот прв стрелец во македонскиот шампионат од сезоната 2012/13, кој се наоѓа пред трансфер.
Во Скопје вечерва треба да пристигне и Един Адемовиќ од српскиот клуб БСК Борча и ако ги мине лекарските прегледи ќе потпише договор со Вардар. „Црвено-црните“ најавуваат и ангажман на младиот Стојан Стојчевски од редовите на второлигашот Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.