Реплики од надалеку прочуените четири златни маски од археолошкиот локалитет Требениште, синоќа, веднаш по настанот, охридскиот градоначалник Никола Бакрачески им подари на четирите девојки кои направија концерт за паметење.
-Со овој концерт уште еднаш се потврди високото реноме на Охридко лето и спремноста да се донесат најголемите музички имиња во музиката, културата, уметноста, рече градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески , кој оцени дека во моментите кога Охрид ја доживува најслабата туристичка сезона, Охридско лето е најдоброто нешто што му се случува на градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.