Шпанскиот гигант Барселона ја разгледува можноста за отварање фудбалска школа во најголемиот македонски туристички центар. Директорот за развој на меѓународните проекти на школата од Барселона, Инаки Гонзало изминативе денови беше во Охрид разгледувајќи го моменталните капацитети, инфраструктурата и можноста за дополнителна инвестиција како би се создале комплетни услови еден од најдобрите европски фудбалски клубови да отвори школа во Охрид.
Гонзало имаше средба и со градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески на која ја потенцираше желбата Барселона да има една своја фудбалска база за најмлади категории токму покрај охридското крајбрежје, комплетирана и со Академија на каталонскиот тим и организација на летни и зимски кампови.
Како што е познато, Барселона преку својата дирекција за развој на меѓународни проекти повеќе од десет години отвара свои академии ширум светот, од каде потоа се црпи квалитети за настап во младинските категории на шпанскиот гигант.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.