Ако некој се уште се сомнева дека Охрид е град во кој сѐ е е можно, се сомнева во моќта на нашите идеали, вашата бројност е најдобриот одговор, порача денес охридскиот градоначални Никола Бакрачески пред преполната сала „Билјанини извори“.
Во своето обраќање на народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Бакрачески изјави дека во времето на претходното владеење во градот кога сакале да ја презентираат својата програма во спортската сала, не им било дозволено.
– Но, еве сме сега овде во преполна сала – рече Бакрачески.
Избравме храброст и верба и сила која ја докажува бројноста на присутните што кажува за силата на ВМРО-ДПМНЕ, продолжи тој.
– Суштината на нашето работење е нашиот континуитет, токму затоа во 2013 година граѓаните на Охрид кажаа не за претходниот начин на владеење, од погубните политики на локалната власт и ја покажаа желбата за промени во Охрид – порача Бакрачески.
Бакрачески ги наброја загубите во општината, трупањето на долгови на сите јавни претпријатија, затворањето на многу фирми во времето на претходното владеење на СДСМ.
– Но, денес наша грижа е иднината. И ние никогаш нема да ги повториме старите долгови. Ветивме отчетност и одговорност, храбра и верна игра и љубовта кон Охрид, работи кои ќе бидат препознаени во нашата работа – рече Бакрачески.
Конечно додава тој, по 15 години општината повеќе нема долгови и работи продуктивно. Ги спомена сите проекти кои се реализирани во Охрид, инфраструктурни проекти во патишта, водоводна мрежа, плажи, плоштади, спортски игралишта. . .
– Охрид прерасна во главен туристички центар со авионски конекции и со реклами на сите големи и важни странски медиуми за промоција на туризмот. Ќе бидат отворени две фабрики, странски инвестиции, во кои ќе бидат вработени 2.000 лица – рече Бакрачески
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.