Босанските метеоролози предвидуваат ненормално висока дневна температура од 50 Целзиусови степени во некои градови. Според тие најави во Сараево се очекува температура од 35 степени, а во Мостар дури 40 степени.
Ова, според метеоролозите, е втор од четирите најавени топлотни бранови во оваа година.
По пеколните жештини, пак, синоќа во Загреб имаше невреме придружено со сиви облаци, силен ветер, грмотевици и дожд.
Во Македонија жешкото време почнува од денеска, па иако најавената дневна температура се движи од 30 до 38 степени, во југоисточните делови на земјата температурата повисока од 40 степени ќе стане секојдневие.
фото: мкд.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


