Најмалку еден човек починал како последица од топлотен удар, додека 422 лица поради истата причина се под лекарски надзор од минатата недела во Јапонија, соопшти денеска главната противпожарна управа, што е надлежна и за дејства при вонредни ситуации.
Од почетокот на мај, Јапонците во поголемиот дел од архипелагот чувствуваат вистински летни горештини. Температурите достигнуваат и до 30 Целзиусови степени.
Минатата година во Јапонија од топлотни удари починаа повеќе од 100 лица, а десетици илјади лица беа лекувани в болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.