| четврток, 6 декември 2018 |

Како со шминката на +40 степени?

make_up_SOLE

Многу жени го избегнуваат шминкањето во овој период од годината поради високите температури, но проблемот може да се реши со неколку трикови и употреба на квалитетна шминка. Во текот на летото, не е лесно на високи температури, цел ден да се задржи шминката на лицето. Заради тоа, многу жени избегнуваат да се шминкаат преку лето. Меѓутоа, овој проблем може да се реши со неколку трикови. За почеток, најважно е да користите квалитетна шминка и секако да знаете како да ја нанесете.

Припремете го лицето

Барем еднаш неделно направете пилинг на лицето за да ги отстраните изумрените клетки од површината на кожата.

Сите производи кои ги користите треба да одговараат на вашиот тип на кожа.

Пред шминкање, имијте го лицето прво со топла, па со ладна вода. Така ќе ви се затворат порите.

Потоа ставете хидратантна крема која ќе и ја даде потребната влажност на кожата и ќе ја направи еластична и мека.

Не заборавајте да ставите и подлога за пудра која ќе овозможи пудрата подолго време да се задржи на вашето лице.

Пудра

Најважно е да одберете пудра која одговара на вашата кожа и подолго стои на лицето. Експертите препорачуваат пудрата да е посува или да користите тонирани креми, додека за оние кои имаат многу мрсна кожа, да користат минерална пудра во прав.

Сенки

За да ги задржите сенките на очите, нанесете во неколку слоеви. Пред сенката, на очите нанесете малку коректор или пудра во прав за да спречите да ви се размачка сенката. Потоа, нанесете сенка во потенок слој, па со моливче за очи исцртајте го посакуваниот облик и на крај ставете уште еден слој сенка. Маскарата нанесете ја во два слоја. Можете да ги користите и оние во боја кои се актуелни ова лето.

Кармин

За подолго да го зачувате карминот или сјајот на усните, пред да ставите кармин, исцртајте ги усните со моливче со што ќе добиете пополни усни и понежен изглед, а и ќе го сочувате карминот. Ако усните ви се суви и испукани, пред да ставите кармин, нанесете малку балзам.

Завршен потег

Кога ќе завршите со шминкањето, фиксирајте со транспарентна камена пудра. Нанесете со четка на Т-зоната (чело, нос, брада). Така ќе го тргнете вишокот сјај и ќе спречите шминката лесно да се избрише.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top