| четврток, 6 декември 2018 |

Балканот на удар на тропски жештини

Подрачјето на Балканот и денеска се наоѓа на удар на бран од тропски горештини, па властите им препорачуваат на граѓаните на земјите во регионот да бидат внимателни, особено оние што живеат во централните делови на поголемите градови.

Српскиот Републички хидрометеоролшки завод најави дека во текот на денов се очекува температурите во Србија да се искачат до 39-от степе, поради што е активиран црвен метео аларм.

Српските метеоролози најавуваат дека и во следните денови ќе биде сончево и мнгу теопло со температури повисоки од прсечните за овој период од годината.

Топлото време го зафати и најголемиот дел од Хрватска, иако минатата ноќ реонот на Горски Котар и одделни подрачја во Славонија беа погодени од невреме проследно со силен ветер и врнежи на дожд и град.

Метеролозите во Босна и Херцеговина, за денеска највуваат температури до 40-от степен, а црвен метео аларм е прогласен за подрачјата на Бања Лука, Бихаќ, Вишеград, Мостар, Приједор, Сараево, Тузла и Фоча.

Босанските синоптичари предвидуваат дека вискоите температури ќе продолжат и во следните денови, како и дека се очекуваат многу топли ноќи.

Температури до 40 степени Целзиусови и црвен метоа аларм се најавени и за делови на Црна Гора.

Црвениот метео аларм означува „многу опасно време“ и дека се очекуваат појави што може да предизвикаат голема материјална штета или да бидат опасни по безбедноста на луѓето и животните.

Експерите предупредуваат на голема внимателност и на избегнување на дирекно изложување на Сонцето. Ова посебно се однесува на жителите на големите градови, во чии централни делови се создава ефект на „топлотен остров“, каде температурите се за неколку степени повисоки од околните подрачја.

Причина за ефектот на „топлотен остров“ се бетонските површини кои впиваат поголемо количество сончева ебергија, но и издувните гасови од фабриките и возилата.

Според Маја Жувела-Алојз од виенскиот Централен институт за метеорологија и геодинамика, колку е еден град поголем, толку се поглеми и „топлотни острови“. Овој ефект е дополнително изразен во пренасленеите градски подрачја и во деловите каде нема доволно вегетација.

– Во такви средина постои опасност од зголемена смртност кај населението, а се намалува и работната продуктивност на жителите, наведува Жувела-Алојз.

Таа потсетува дека температурата на воздухот се мери под сенка во метеоролошките станици и ако таму термометрите покажуваат 35 степени, тогаш на централните градски улици температурите се повисоки за неколку степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top