Заменете ја постелнината
Дозволете му на вашиот кревет да дише. Полесна постелнина со посветла боја е најдобро решение ако сакате вашиот кревет да остане проѕирен.
Сменете ја перницата
Заменете ја својата полнета и мека перница со помала и поцврста. Главата е еден од најтоплите делови на телото, а големата мека перница во себе ја задржува топлината.
Треба да ви е удобно
Некои носат широки памучни пижами. Некои сакаат да спијат голи, а одлуката за тоа како ќе спиете донесете ја сами. Најважно е вас да ви е удобно.
Намокрете ја косата
Иако илјадници пати ви кажале да не си легнувате со мокра коса во кревет , во овој случај ако ја наводените косата тоа ќе ви помогне да се разладите.
Спијте на ниско
Легнете што подолу, па можете да легнете и на подот. Топлиот воздух е поредок од ладниот воздух, па што пониско спиете тоа ќе ви биде поладно.
Смрзнете вода
Наполнете го термофорот со вода и потоа ставете го во ладилник. Во текот на ноќта ќе ви помогне да се разладите.
Ладни облоги
Земете неколку крпчиња, по можност да се фланелски, стевете ги во ладилникот, а пред да одите на спиење ставете ги на чело. Овие облоги ќе ве ладат и откако ќе заспиете.
Ладете ги нозете во вода
Ставете ги нозете во када и оладете ги. На стапалата и на зглобовите се наоѓаат точки што се осетливи на температура, па на овој начин брзо ќе се оладите.
Ладно ветре
Собата можете да ја оладите со тоа што пред отворениот прозорец ќе обесите влажна крпа. Останатото препуштете му го на ветрето.
Спијте во воздух
Ако имате можност во собата обесете мрежа за спиење и спијте внатре. Околу вас ќе струи воздух, ќе ви биде поладно и ќе спиете подобро.
Коцки мраз пред вентилаторот
Пред вентилаторот ставете чинија со коцки мраз. И додека вентилаторот се врти, мразот ќе се топи полека, а воздухот ќе биде поладен.
Сменете го душекот
Наместо традиционалниот душек одберете душек со гел, што има регулатор на температурата.
Украдете го трикот на Египќаните
Замотајте се со влажно платно додека спиете. Легендата тврди дека старите Египќани се служеле со овој трик за да им биде поладно во текот на врелите ноќи.
Јадете помалку
Повеќе мали оброци ќе ја намалат температурата на вашето тело, зошто на тој начин ќе се намали и топлината што ја произведува вашиот метаболизам. Па така ќе ви биде и поладно навечер.
Спијте на слама
Својот модерен душек што задржува топлина заменете го со подлога од бамбус или слама. Не е толку удобно, ама затоа и не е толку топло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.