Кошаркарскиот репрезентативец на Македонија Војдан Стојановски е нов член на бундеслигашот Алба Берлин.
По враќањето од Кина каде учествуваше на турнир со македонската репрезентација Војдан го официјализираше договорот со амбициозниот тим од Берлин кој учествува во евролигата во кошарка.
За Стојановски сериозно беше загреан и македонскиот шампион МЗТ Скопје кој сакаше покрај Огнен и Дамјан да го донесе и третиот брат од ова фантастично трио на кошаркари.
– Пресреќен сум што потишав договор со клуб кој е долгодишен учесник на евролигата. Ќе ја продолжам одличната соработка со тренерот Саша Обрадовиќ со кого соработував и во Доњецк и се надевам дека ќе продолжиме во ист стил во Германија. Тој е многу добар тренер кој бара жестока игра во одбраната за да се стигне до победа – изјави Војдан Стојановски за официјалната страна на Алба Берлин.
Покрај Стојановски за Алба потпиша и американецот Дејвид Логан кој доаѓа од редовите на Макаби Тел Авив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


