Македонскиот шампион Вардар утре од 20.45 часот на арената „Филип Втори“ во Скопје ќе игра против Стеауа, за поправање на впечатокот од првиот дуел во Букурешт, кога е претрпен пораз од 0-3, во лоша игра.
Вардарци ги повикаа навивачите да дојдат и да го бодрат својот тим, а ветуваат многу подобро издание и борбеност од прикажаното на натпреварот што се одигра на 16 јули.
– Сакам да им се заблагодарам на навивачите што нѐ бодреа во Букурешт и да ги повикам сите останати да дојдат и да ни дадат поддршка. Ќе сториме сѐ за да се претставиме во вистинско светло. Стеауа е голем клуб, моќен колектив, но и Вардар е таков, за македонски услови. Не се предаваме, ќе играме за клубот, за рејтингот на македонскиот фудбал, иако резултатот од првиот натпревар не е поволен за нас – изјави капитенот Раденко Бојовиќ.
Тој беше една од ретките светли точки на Вардар во Букурешт, а сега треба да се „подразбуди“ комплетниот состав за да има на што да се надева во реваншот. Романците ќе дојдат ослабени во Скопје, без стоперот Влад Кирикеш и без стрелецот на првиот гол Кристијан Танасе, но, сепак, според искуството, квалитетот и вредноста на играчите, 24-кратниот првак на Романија повторно е фаворит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)