| четврток, 6 декември 2018 |

Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)

Во англиските медиуми се објавени имињата на сите загинати во хеликоптерската несреќа оваа сабота на паркингот на стадионот „Кинг Пауер“.

Покрај газдата на Лестер Сити, Вишаи Шриваданапраба, животот го загубија уште и Нурсара Сукнамаи, блиска пријателка и поранешна учесничка на натпревар за Мис на Тајланд, Кавепорн Пунпапе, десната рака на газдата и пилотот Ерик Свафер и неговата соработничка Изабела Роза Лекович.

Неколку минути по полетувањето, хеликоптерот доживува трагедија, која засекогаш ќе биде запишана во историјата на „лисиците“. Според фотографиите од местото на несреќата, патниците немаа никаква шанса за преживување.

За време на несреќата, се уште имало работници на стадионот, кои полека се подготвувале да си заминат во своите домови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top