| четврток, 6 декември 2018 |

Михајловски нема да поднесе оставка, но нема да бара нов мандат

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Михајло Михајловски, не чувствува морална одговорност веднаш да поднесе оставка по лошиот настап на репрезентацијата и по катастрофалната организација на патот на Мундијалот во Шпанија, но најавува дека нема намера повторно да се кандидира откако ќе му заврши мандатот во мај годинава.

„Сè што беше побарано од нас беше исполнето и поради тоа не гледам причина за оставка во моментов од морални причини. Но јас уште пред еден месец на директорот на Агенцијата за млади и спорт му кажав дека немам намера повторно да се кандидирам за претседател на РФМ. Подготвен сум да помогнам во потрагата по човек што ќе ме замени. Тоа треба да биде способна личност, која го сака спортот и која ќе биде кадарна да обезбеди доволно финансии за нормална работа на РФМ“, изјави Михајловски за денешен „Македонски спорт“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top