По оставката на Даниела Рангелова, оставка од поднесе и пратеничката Лилјана Затуркоска, која на „Фесјбук“ ги образложи своите причини за напуштањето на позицијата – генерален секретар на УЖ.
„Како генерален секретар поставен од претседателката Рангелова сакам да изразам голема благодарност за довербата која ми ја даде во два наврати и правев се од себе за да ја извршувам функцијата најдостоинствено што можеше.
Рангелова и тимот ја поставија унијата на жени на високото скалило во партијата и така треба да продолжи.
Функцијата генерален секретар на УЖ на најголемата и најмоќната партија беше задоволство и предизвик да се извршува.
Давам оставка од оваа функција со искрени желби за уште посилни успеси на идниот тим кој ке ја предводи унијата .
Стојам на располагање на мојата партија почитувајки ги и извршувајки ги одуките и активности кои ке ми бидат доверени во иднина.
ДА ЖИВЕЕ ВМРО ДПМНЕ И УЖ НА ВМРО ДПМНЕ“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.