План за исхрана
Јадете секој ден по 200 г свежо зрнесто овошје, а по потреба можете да го засладите со засладувач. Како главно јадење ви нудиме неколку рецепти за лесен зрнест оброк, што би требало да биде свежо подготвен така што ќе можете да ги внесете сите потребни состојки од овошјето, а масните наслаги ќе се топат.
Сочен десерт од боровинки
Потребно е: (за 4 лица)
400г. боровинки, ванила, 400 г посно млеко, три јајца, две жолчки, две лажички шеќер, 40 г бело чоколадо, лажичка густин.
Подготовка:
Кога ќе се загрее шеќерот, додадете ванила и малку сол. ИЗматете ги жолчките со двете јајца и со шеќерот. Измешајте го сето тоа заедно со пасирани боровинки и млеко. Смесата ставете ја во 4 сада од по 80 мл. и потоа ставете ги садовите во рерна загреана на 150 степени, околу 40 минути. За прелив изматете густин со 2 дл млеко и искршена чоколада. Мешајте ја смесата на тивок оган. Овошјето од рерната сервирајте го со овој прелив, а остатокот од овошјето сервирајте го со ливчиња нане.
Хранлива вредност: 265 кал., 12 г масти, 23 г јаглехидрати.
Каша од зрна
Потребно е: (за 4лица)
300 г мешано зрнесто овошје, две лажички лимонов сок, лажичка шеќер во прав, четири лажички посен јогурт, ливчиња нане.
Подготовка:
Од овошјето, шеќерот и лимоновиот сон направете пире и поделете го во четири чинии. Секоја чинија прелијте ја со лажичка јогурт и како декорација ставете ливчиња нане.
Хранлива вредност: 85кал.,1 г масти,18 г јаглехидрати.
Коктел од малина
Потребно е: (за 4лица)
150 г јогурт, 50 г овесни снегулки, 50 г кафен шеќер, 750 г посно млеко
Подготовка:
Ставете на страна осум малини, а останатото овошје изматете го со јогуртот, снегулките, шеќерот и млекото. Ставете го во чаша, а озгора ставете две малини и лист нане.
Хранлива вредност: 230 кал., 5 г масти, 34 г јаглехидрати
Крем од капини
Потребно е: (за 4лица)
200 г капини, 200 мл црвено вино, 300 мл сок од јаболко, 30 г шеќер, цимет, 60 г густин
Подготовка:
Варете го црвеното вино со две третини од сокот од јаболко и цимет. Густинот измешајте го со останатиот сок од јаболко и со мешање додадете го во садот во којшто се вари црвеното вино. Повторно варете го сето тоа. Малините додајте ги во кремот и ставете ги на ладно.
Овошно млеко
Потребно е: (за 4лица)
2,5 дл млеко, 2 мл овошен сок од капини или малини, засладувач
Подготовка:
Во млекото постепено додавајте го овошниот сок со непрекинато мешање. На крај додајте засладуавч, изладете го и сервирајте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.