Стотици илјади Грци се угнетени од скопјаните – вели пратеник на Златна Зора. Никаков компромис за нашата Македонија – под овој слоган, членови, симпатизери и поддржувачи, предводени од неколку пратеници на Зла- Златна зора бесконечно се бори за името на Македонија, за нашата Македонија. За Македонија, чии граници не запираат на Ники и Евзони, туку се многу погоре. Таму каде што се има пролеано грчка крв, таму каде што границите требаше да бидат одредени за нас, каде што во овој момент постојат стотици илјади Грци кои се угнетени од Скопјаните и за кои трулата грчка држава не прави ништо – изјави Илијас Панајотарос – пратеник од Златна зора.
– Веќе 30 години го кажуваме истото. Не отстапуваме од ништо и денеска доаѓаме тука со едно барање: Македонија е грчка почва, изјави Николаос Кузулос – пратеник од Златна зора.
Протестот започна на плоштадот во Лерин, а од таму се упатија кон граничниот премин Меџитлија. Според информациите на Канал 5, околу 15 минути бил во прекин сообраќајот од и кон Македонија, додека траеле преговорите меѓу златнозорците и граничарите. Паралелно и во исто време со блокадата и протестот на Меџитлија, друга група поддржувачи на неонацистите, се собрале и на грчката страна од граничниот премин Богородица. И овој пат, трн во очи на Златна зора, лепенките со кратенката МК, на македонските автомобили.
Бевме и на граничните премини. Земавме и ги сликавме автомобилите кои поминуваат и нормално го имаа знакот МК. Ненајавено отидовме го најдовме одговорниот. Ова се случи пред околу 6 месеци. Само што нè виде и ги виде маиците Златна зора, се потресе и веднаш започна да се извинува и да вели дека во овој момент немаат службеници, немаат налепници и се правдаше дека е виновна државата – изјави Андонис Грегос – пратеник од Златна зора.
Златнозроците се заканија дека нема да дозволат македонски автомобили да влегуваат во Грција со лепенката МК, но и дека нема да остават на ниеден начин,како што велат, да се отстапи името Македонија. За тоа ќе се бореле и во и вон парламентот.тна зора, тргнаа од Лерин, а пристигнаа до граничниот премин Меџитлија. Се собраа да протестираат, за како што велат – нивната Македонија, задржувајќи ја традицијата од 2008та по ветото од Букурешт.
Извор: Канал5
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.