Нов случај на групно силување ја тресе Индија. Група од околу 25 маскирани и воружени момчиња, за кои се верува дека биле пијани, минатата недела вечерта влегла во женски интернат, од каде 4 девојчиња од 12 до 15 години ги силувале повеќе од 2 часа. Полицијата, повикана од персоналот кој за време на нападот бил држен „под оружје“, вели дека осуммина од напаѓачите се уапсени.
Но медиумите јавуваат дека и покрај ицидентот, нема полициска заштита околу интернатот кој е со километри оддалечен од патот „среде џунгла“. Родителите си ги земаат децата по овој страшен инцидент. Директорот на училиштето е во болница со девојчињата, кои се со тешки повреди, а „98 деца седат без заштита“ заклучуваат медиумите повикувајќи се на училишниот тим кој вели дека нема никаков безбедносен систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


