Демократскиот сојуз предлага одржување на лидерска средба на која власта и опозицијата би ги разрешиле недоразбирањата и би ги усогласиле ставовите за битни прашања.
-Оваа година се наполнуваат 100 години од Букурешкиот договор со кој Македонија и македонскиот народ беа поделени на три дела, меѓудругото и како резултат на немање единство и лидерство кое ќе ги препознае националните интереси на македонскиот народ во тоа време, велат од ДС на Павле Трајанов.
Партијата ги повикува опозиционерите да се вратат во Парламентот за да може да продолжи со работа во полн состав. Приоритети за кои треба да се дебатира во законодавниот дом, за партијата на Трајанов се: обезбедувањето на одржлив економски развој и макроекономска стабилност, усвојување на Стратегијата за деблокирање на евроинтеграцискиот процес, усвојување на заедничка Платформа за надминување на спорот со Република Грција, како и да се донесе Програма за приоритетите поврзани со националната безбедност и борбата против организираниот кримнал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.