Најновото истражување на јавното мислење на еминентната ИРИ, која од само ним познати причини не ја објавува анкетата, покажа фрапантни резултати, дознава „А1, оф!“. Според нив, нејсе што ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ со скоро 3:1, а разликата и натаму расте, важен дел од истражувањето е фрапантното зголемување на степенот на депресија кај македонските граѓани. Извори на ТВ „Селма“, пак, наведуваат дека нарушувањето на психолошката рамнотежа кај граѓаните се должи на еден единствен факт и новитет кој го соопштија лично Павле Трајанов и Лиле Поповска. Граѓаните се во тешка депресија поради шокантната информација дека ДОМ и ДС нема да излезат на избори на 5-ти јуни!
Разочараноста на македонското гласачко тело се темели на овој непреболлив момент со кој двете еминентни сателитски фигури на македонската политика, домашниот синоним за привезок – нема да одат на избори! Народот, едноставно, не може да се соочи со нивното отсуство.
„Што ќе правиме без привезоци? Така, ќе ги изгубиме клучевите, а тоа значи останавме без дом, ќе влезат арамии! Вратете ги Лили и Пајо на избори, за станот ми се работи. Аман!!!“ – заплакапред микрофонот на „Минус инфо“ еден 92-годишен старец во Жена парк.
ЕУ и САД реагирале итно, дознава „А1, оф!“, пренесувајќи дека ЏесБејли бил неколку часа на жешка линија со американското здружение на психијатри, барајќи совет за излез од оваа тешка ситуација со депримираното македонско население. Оттаму добил совет УСАИД да ги пренасочи парите од катастрофалниот и најбрзо пропаднат медиумски проект во историјата – „Контравести“ , кој тежеше неверојатни 500.000 долари,и да му ги даде на Иван Исцелител, единствениот кој може да го спаси народот од тешката депресија предизвикана со потегот на Павле и Лиле.
„Како вечни сателити, претходно на ВМРО-ДПМНЕ, а сега на СДСМ, не одиме на избори. По 10 години во власта, се разочаравме од тоа што ВМРО-ДПМНЕ не ни даде да ги вработиме сите 27 члена на двете партии. Добивме само две-три заменик-министерски места. Што да правиме со останатите 24 активисти? Вака не бива! Да живее СДСМ! Да живее Заев!“ – соопштија со висок тон и во еден глас Павле и Лиле на прес-конференција во седиштето на партијата – левиот Тој- фор од страната на Камениот мост.
Покус не останал ни длабоко потресениот Аиво Орав, кој решил малку да „шара“, па парите од наградата за истражувачко новинарство ја пренасочил од константните добитници во „Фокус“ и и’ ја дал на Баба Дара бајачката. На професионалните другари на Чауш, пак, им ветил дека лично ќе ги вклучи во ИПА фондовите.
Најожалостено, сепак, било ревносното и масовно гласачко тело на ДС и ДОМ. 27-те напатени души, членови на поблиското семејство на лидерите и портпаролите, т.е. на целата партиска структура на Павле и Лиле, и натаму не можат да се соочат со болната вистина. Најавиле, пренес е „24 паравести“, дека ќе го бојкотираат и куќниот совет, но нема да дадат оставки од заменик-министерските позиции.
Како и да е, во очекување Иван Исцелител и Баба Дара да ги добијат парите од САД и ЕУ, депресијата во Македонија зазема се пострашни размери. Последната вест на ТВ „Селма“ е дека најверојатно се’ ќе се реши со интервенција на Сорос, кој откако Заев пред 23 минути се предомисли за одење на избори, ветил оти ќе ги вработи 24-те преостанати партијци на ДОМ И ДС на портирници во некоја од многуте негови медиумски филијали, по што се очекува Павле и Лиле да се смилуваат и вратат на избори и да ја смират депримираната и напатена македонска јавност.
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.