| четврток, 6 декември 2018 |

Четири партии формираа Коалиција за промени и правда

koalicija-685x320

Четири политички субјекти, Демократскиот сојуз, ФРОДЕМ, МОРО – Работничка партија и Демос ја формираа Коалицијата за промени и правда (КПП) преку која во иднина заеднички ќе дејствуваат, како што оценија партиските челници, во услови на исклучително сложена политичка состојба во земјата.

Претставниците на партиите кои се обединуваат околу заедничка платформа ги истакнаа клучните приоритети содржани во платформата, а околу кои Коалицијата за промени и правда (КПП) се обединува и ги афирмира пред македонската јавност.

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз (ДС), нагласи дека „платформата за дејствување, претставува одговор на граѓанскиот предизвик да се формира нов силен политички блок, кој ќе дејствува за да се случат промени и правда во Македонија.

Јове Кекеновски од Фродем и Емил Атанасов од Демос појаснија дека двете основни цели на КПП се во иднина политичарите да бидат натерани да мислат на општиот интерес, а не само на својот личен. Втората цел на денеска промовираната Коалиција, посочи челникот на ДЕМОС, е многу скоро политиката да престане да ја заробува јавноста и политичарите професионално ќе си ја вршат работата, а на народот „не ќе му биде важно ни кој е премиер ни кој е претседател на државата“.

Претседателот на МОРО-РП, Горан Зафировски, во својот говор нагласи дека Работничката партија ќе настојува да биде никулец од кој на човекот, преку економската сигурност, ќе му биде вратена човечност, како и неговиот опстанок во семејството и општествената и државната заедница. Ќе бидеме зародиш со кој ќе и се стави крај на лажната девиза која политиката ја изедначува со „вавилонска блудница“ и ќе ја врати во нејзините научни рамки за да обезбеди економски просперитет во државата.

Коренити реформи и промени во сите области како еден од главните предуслови за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и исполнување на стандардите за влез во ЕУ и НАТО, заклучуваат челниците на партиите кои ја сочинуваат КПП

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top