Повеќе од 740 громови удриле над територијата на Лас Вегас за само три часа, во текот на големото невреме кое што го зафатило регионот, објави порталот „Точка“.
Обилните врнежи од дожд и брзината од 114 километри на час пустошеле низ долината во текот на петочната вечер, оставајќи зад себе скршени дрвја, поплавени делови во градот и голема материјална штета.
Неколку луѓе биле спасени од водите, а повеќе од 33.000 жители останале без електрична енергија затоа што громовите ја прекинале работата на 15 станици.
Според објавите на магазинот “Las Vegas Review”, неколку громови погодиле голем број на згради и нанеле сериозни штети, а во дел од славните хотели и казина, водата се пробила и во внатрешноста на објектите. Голем е и бројот на жителите кои што морале да ги напуштат своите домови.
Метеоролозите предупредиле дека сличната временска ситуација би можела да се повтори и денес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Невреме го зафати јужниот дел на Франција, најмалку шест жртви (Видео)
-
Хабиб: Ја навредуваа мојата вера, земја, семејство – благодарност на Господ останувам непоразен шампион!
-
Силно невреме во Грција – бурата „Ксенофон“ пустоши
-
Ураган доаѓа кон Грција: Училиштата не работат, траектите не сообраќаат (ФОТО)






